Седлоски по драмата со Линколн: Ова беше натпреварот на мојот живот, и како тренер, и како играч
Шкупи загуби од Линколн на Гибралтар со 2-0, реванш во квалификациите за Лигата на шампионите.
Пресудно за пласман во следното коло беше победата во Скопје со 3-0 на македонскиот шампион, Шкупи си „играше“ со нервите на своите навивачи.
Тренерот Гоце Седлоски со изјава, ова беше највозбудливиот натпревар во мојата играчка и тренерска кариера.
„Ова беше натпревар кој можам да го оценам како највозбулдив во мојата играчка и тренерска кариера. Имавме голема предност, но знаев дека ќе биде тешко со оглед на некои проблеми што ни се случија.Противникот ги казни нашите грешки. Секогаш е тешко да се игра против ривали за кои сите мислат дека се лесни, бидејќи знаат да направат многу проблеми. Задоволен сум што поминавме понатаму и сакам да продолжиме напорно да работиме за да ги исполниме нашите цели“, изјави Седлоски.