Седлоски: Притисокот е врз Динамо Загреб, тие се фаворити, но и Шкупи се прашува за резултатот утре во Скопје
Македонскиот првак Шкупи утре од 21 часот го пречекува Динамо Загреб, со нерешените 2-2 по првата квалификациска средба, атмосферата во тимот е позитивна пред утрешниот реванш.
Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски смета дека неговата екипа е подготвена за мечот на сезоната, ова се квалификации за Лига на шампиони, смета дека Динамо не го потценил македонскиот првак на мечот во Загреб.
„Динамо е под притисок, тие се фаворити, а ние не смее да се залетуваме многу иако имаме добар резултат од првата средба. Јас не знам дали не потценија или не, но како и да е, причината нека си ја бараат кај нив. Ние се покажавме на теренот. Нема да се браниме, ќе ја играме нашата игра и се надеваме на поволен резултат. Максимално сме мотивирани, сакаме нов добар резултат. На Динамо и Чачиќ им посакувам многу среќа, ама само не на утрешниот меч“ – рече Седлоски на денешната прес конференција.
Дефанзивецот Блертон Шеји, изјави дека Шкупи е подготвен за предизвикот со шампионот на Хрватска.
„Трениравме напорно , подготвени сме за предизвикот. Знаеме со каков противник ќе се соочиме и сите во тимот веруваме во успех”, изјави Шеји.