Седлоски: Со помош на навивачите, на победа против Шамрок и историски резултат

Шкупи утре од 21 часот на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, го игра реваншот со Шамрок Роверс од Ирска, квалификации за Европа лигата на УЕФА.

Македонскиот тим е подготвен да даде се од себе да ја анулира негативата од 3-1 од Даблин, тренерот Гоце Седлоски е убеден дека оваа мисија не е неостварлива.

„Јасно е дека треба да бидеме 100 проценти фокусирани, жалам што примивме голови на првиот натпревар на таков начин, но сега ќе почнеме од почеток. Играме против квалитетен противник, но ние имаме самодоверба и мотивација, дефинитивно ќе играме да победиме. Ги повикувам навивачите, кои се наш дванаесетти играч да бидат со нас до крајот, – порача Гоце Седлоски.