Седмо полуфинале за Македонија во Европската лига, овој пат одиме на Финска
Македоните одбојкари повторно ќе бидат во елитниот квартет на Европската лига. Третпат откако натпреварувањето го носи епитетот „сребрена“, а вкупно седми во седмото учество, тие се најдоа во полуфиналето, годинава за нов дуел со стариот познаник Финска. Романија ја совлада Албанија со 3-0 во последниот меч од групната фаза, а тоа значи дека македонската репрезентација заврши второпласирана и наредниот викенд на 18-ти ина 19-ти јуни ќе настапи на завршниот турнир во Будмипешта, на којшто покрај Романија,ќе бидат и домаќинот Унгарија и Финска. Со три победи на шест средби, со десет освоени бодови и подобар сет-количник од Албанија, црвено-жолтите го заработија полуфиналниот статус. Без оглед што во тимот не беа тројца стандардни играчи: Љафтов, Николов и Ангеловски, како и фактот што се повреди либерото Костадин Ричлиев, Македонија предводена од селекторот Ратко Павличевиќ ја оствари целта. Двата сета освооени во Галаци, како и победата над фаворитот Романија во Скопје,беа доволни за да се анулира киксот од пресметките со Албанците. Токму затоа, по четири неуспешни финалиња и четири сребрени, еден брознен медал и едно четврто место, Македонија уште еднаш ќе има шанса да игра на завршен турнир во Евролигата, сега без никакво резултатско оптоварување. Финците беа подобри однас во првиот натпревар на двете европски првенства, а сега ние ќе бараме „трета среќа“ против подмалдениот противнички состав. Во другото полуфинале наредната сабота, Романија ќе се сретне со домаќинот Унгарија.