Сега изгледа ужасно: „Женкарот“ непрепознатлив и со ботокс
Холивудскиот актер беше фотографиран на улиците на Лос Анџелес, кога шеташе надвор пред познат ресторан
Американскиот актер и продуцент Филип Андре Рурк Џуниор, попознат како Мики Рурк (67), беше фотографиран за прв пат откако мина еден месец во карантин, поради пандемијата со коронавирус.
Мики мораше да престане со снимањето на новиот филм во Латвија на почетокот на минатиот месец, откако локалните власти ги затворија границите поради „Ковид-19“.
Имено, Мики Рурк беше фотографиран на улиците на Беверли Хилс во средата попладне, додека заминуваше од ресторан со својот асистент, кој му го го носеше ранецот.
67-годишниот актер беше облечен во облека со војнички мотиви и куса маица толку мала што му го откри стомакот и бројните тетоважи.
Чизми портокалово-кафеави до глужд.
Холивудскиот актер го покри лицето со заштитна маска, а под која се крие многу ботокс. Неговата кафеава коса беше до рамената, и имаше очила за сонце со проѕирна рамка.
И додека некои се смеат, за многумина ништо од изгледот на славниот актер не е смешно, туку неговиот изглед за нив е тажен.
Последниот филм во кој глумеше Рурк беше снимен во Латвија во главниот град Рига, а снимањето беше прекинато заради забраната наметната од локалните власти и локалните регулативи, иако тие ја игнорираа забраната што ја препорачаа сите холивудски продукции за да се спречи ширењето на вирусот.
„Отидов во Рига да направам филм но работата ми излезе од рака, но сите беа прекрасни“, изјави Рурк за странските медиуми.
- Моравме да го смениме распоредот на Мики Рурк затоа што земјата се затвори поради вирусот и за среќа тој се согласи порано да лета за Лос Анџелес, па затоа ние го адаптиравме снимањето според него - заклучија од продукцијата на филмот.
Патем, Мики порано беше вистински човек, но бројните операции му го уништија лицето и кариерата.
- Лицето ми беше во хаос поради боксот, но отидов кај погрешен човек да ми го врати лицето повторно - призна Мики и потврди дека е свесен дека неговиот физички изглед е уништен поради лошите одлуки од минатото.Извор:telegraf.rs
Фото: Profimedia