СЕХА: Вардар обезбеди пласман на Ф4 турнирот

Вардар се пласираше на Ф4 турнирот од СЕХА-Газпром лигата. Победа за „црвено-црните“ и во реваншот против Војводина со 26:32.

Македонскиот шампион одигра две различни полувремиња, во првиот дел беше во негатива 15:11, но работите дојдоа на свое место во вториот дел кога Вардар одигра на своето ниво и запиша втора победа против Војводина.

Гоце Георгиевски запиша 10 гола, Јан Чувара 7, додека  Филип Талески мечот го заврши со  6 гола.