СЕХА: Вардар тргна со пораз на гости кај Татран Прешов, во среда гостува Партизан во Скопје

Вардар се враќа без бодови од гостувањето во Словачка кај Татран Прешов во 1 коло од новата сезона во СЕХА-Газпром лигата.

Црвено-Црните загубија со 27-23, одлично го започнаа натпреварот, водеа со 6-3 и 7-4, но домашниот  тим го сврте резултатот  и запиша победа. 

Филип Талески 8 гола, Гоце Георгиевски 4 гола, Мартин Карапалевски 4 гола, Леонардо Дутра 3 гола.

Следниот меч вардарци го играат дома на 1 февруари против Партизан со почеток од 18 часот.

ФОТО: РК ВАРДАР /ФЕЈСБУК