Секое утро земјате чаша јогурт со овај плод: Еве што ќе се случи со вашето тело

Одамна ни е познато дека најважниот оброк во денот е појадокот, бидејќи го снабдува телото со потребната енергија за исполнување на секојдневните обврски. Но, дали знаете каков појадок е идеален?

Секој има свои преференции. Многу познати личности денот го започнуваат со смуди, додека инфлуенсерите претпочитаат тост со авокадо, а ние „обичните смртници“ омлет.

Сепак, проф. Волтер Вилет од Харвард и поранешен шеф на Одделот за исхрана вели дека идеален појадок е јогуртот со јаткасти плодови. 

Како што вели, не е љубител на сок од портокал или стандардни житарки, а не сака кроасани или кофеин бидејќи консумирањето на сите овие намирници не придонесува за здравјето на организмот.

Наместо тоа, неговиот омилен појадок е богат со хранливи материи како влакна, протеини и добри масти.

Затоа, ако сакаме да го подобриме нашето здравје, мора да го зголемиме внесот на овошје, зеленчук, јаткасти плодови и мешунки и да ја намалиме потрошувачката на црвено месо и шеќер.


Фото: unsplash

Извор: еспресо