Секогаш верувај на своите инстинкти: Актерката Патриша Аркет излегувала со убиец и силувач
Фото: Profimedia
Актерката Патриша Аркет (53) на Твитер
откри како изгледала нејзината најлоша љубовна врска - иако сè започнало
со навидум невина приказна за „професионален скејтер кој лошо се
бакнува“, се покажало дека искуството на актерката било далеку
полошо и пострашно од тоа
Имено, човекот со кој некогаш илзлегувала подоцна беше осуден и затворен за брутално силување и убиство на девојче. Станува збор за чудовиштето Марк „Гатор“ Роговски, а негова жртва тогаш била 22-годишната Џесика Бергстен, пренесува „Дејли меил“.
„Тој беше ужасно симпатичен, спортист, се дружеше со моите пријатели ... Но, состанокот беше малку чуден ... Се зближивме, но кога ме бакна толку агресивно, само ме исплаши ... На крајот на состанокот, намерно му дадов погрешен телефонски број. Години подоцна, дознав дека тој ја убил својата девојка. Поентата на оваа приказна е - секогаш верувај на своите инстинкти. А, мојата ќерка може да се жали дека порано бев премногу заштитнички насторена", напиша оскаровската sвезда на филмовите „Растејќи“ и „Стигмата“ и сериите „Медиум“ и „Бегство од Данемор“.
Роговски во моментов издржува затворска казна од 31 година за злосторство што го сторил во 1991 година. Убиената Џесика Бергстен била добра пријателка на неговата поранешна девојка Бренди Меклејн. Се верува дека жртвата не била во романтична врска со лизгачот-скејтерот, иако познатата актерка напишала поинаку на Твитер.
Марк беше популарен во 80-тите години на минатиот век, но неговата кариера тргна надолу во 90-тите години на минатиот век поради проблеми со алкохолот. Откако раскина со Бренди, која го обвини за насилство за време на врската, тој започна да и се заканува на неа и на нејзиното момче, па дури и во една прилика упадна во нејзиниот дом.
Во 1991 година, Роговски ја однесе Џесика на турнеја низ Сан Диего, по што беше пријавена за исчезната. Атлетичарот подоцна признал дека ја удрил во задниот дел од главата со метален предмет, ја врзал за креветот, ја силувал и ја убил. Тој го закопал нејзиното тело во пустина, а кога полицијата го најде, веќе беше во напредна состојба на распаѓање, што го оневозможи идентификувањето на почетокот.
Скејтерот го признал злосторство на пријател, кој го убедил да замине во полиција, што Марк на крајот го сторил. Тој беше осуден на доживотен затвор со можност за помилување по 31 година. Одборот за условно ослободување во 2019 година побара негово ослободување, но гувернерот на Калифорнија, Гавин Њсом го одби тоа барање. Роговски може да поднесе нова пријава за потенцијална условна отпуст во 2023 година.