Секоја чест, успеа да ја изгубиш единствената жена што би направила сѐ за тебе

Ја изгуби. Единствената жена што би направила сѐ за да биде со тебе. 

Таа никогаш не бараше ништо друго освен една причина да останеш, доказ дека си ја сакал и дека ќе имате заедничка иднина. За жал, ти не успеа во тоа и сега, неа ја нема.

Таа не се грижеше за тоа дека не си богат или дека немаш фенси автомобил, сè што сакаше беше да биде твоја. Не се грижеше дека имаш недостатоци затоа што секој има свои недостатоци. Месеците поминати заедно ја натераа да се вљуби во тебе, а ти избра да останеш слеп на фактот дека таа те избира тебе, без оглед на тоа што зборуваат нејзините пријатели. 

Сè што некогаш сакаше е да и возвратиш на љубовта што таа толку слободно ти ја даваше.

Сè што требаше да направиш беше да се однесуваш кон неа како што треба. Немаше потреба од дијаманти и рози, вечери со свеќи и скапи подароци. Таа беше едноставна девојка со големо срце чија единствена желба беше да биде сакана и почитувана. 

Ти го сакаше фактот дека не мораш да се вложуваш, го сакаше фактот дека таа те избира секој ден, одново и одново.

Сè што требаше е да ја гледаш на ист начин како што таа те гледа. 

Ти реши да ги задржиш ѕидовите што ги изгради околу твоето срце, и никогаш да не ја пуштиш внатре. 

Таа ти го даде клучот од нејзиното срце, а ти одбра да го земеш без ништо за возврат.

Ти го сакаше фактот дека таа остана, дури и кога ти и рече да оди. Вистината е, ти се исплаши. Премногу се исплаши да ја пуштиш, можеби тоа е затоа што се чувствуваше ранливо или можеби тоа беше затоа што претходно си бил повреден. И покрај тоа што таа ти покажа дека е различна, ти избра да ја насликаш со истата четка за боја што ја користеше за да ги насликаш жените од твоето минато. Сакаше да ја имаш како нешто со што би им се пофалил на пријателите. Го сакаше тоа повеќе отколку што ја сакаше неа.

Престана да одговара на твоите повици, престана да оди на местата каде одиш ти. Ја изгуби кога реши дека не е доволно добра за тебе. Секоја чест, успеа да направиш да се чувствува осамена покрај тебе. 

Кога сфати дека не е доволна за тебе, одлучи да замине.

Сега кога таа замина, ќе ја бараш во секоја друга жена,  само што нема да ја пронајдеш. Таа беше една и единствена, не само заради тоа што беше, туку заради начинот на кој таа избра да те сака покрај сѐ.

извор: iheartintelligence