Секс поза Франкенштајн: Пробајте нешто ново
Ноќта на вештерките се ближи, и без оглед дали го славите овој празник или не, овој настан секако може да биде добар изговор за посебна вечер.
Ова значи дека не би било лошо да испробате некои „страшни“ и страствени пози, кои досега не сте имале можност да ги вежбате.
Оваа поза е, всушност, подобрена верзија на мисионерската поза, со некои измени.
Како се изведува оваа поза?
Франкенштајн секогаш е претставен како лик кој не е флексибилен, ниту во однесување ниту во држење на телото, со многу вкочанети раце и нозе. Оваа крута положба на телото служеше и како инспирација за оваа поза.
Жената во оваа позиција лежи на грб, но со кренати раце и нозе, додека мажот е над неа.
Нозете што стојат во воздухот, ја прават пенетрацијата подобра, а задоволството посилно.
„Мисионерската поза не мора секогаш да се изведува на ист начин. „Позата Франкенштајн овозможува подобра пенетрација и посилна стимулација на Г-точката“, вели Анабел Најт, експерт за сексуални односи, пренесуваат медиумите.