Секс во тројка? Едноставно е или не?
Сексот во тројка е редовно една од најголемите сексуални фантазии на мажите и не така често сексуална фантазија на жените. Доколку и на вас триаголникот во е желба, има неколку правила кои мора да ги следите.
Сексот во тројка не е за секој
Имајте на ум дека вашата девојка можеби не е тип на кој во било кои услови би се впуштил во "тројка". Сепак, таа може потполно неочекувано да ве изненади и да биде тип на личност која во таквиот секс ќе ужива и повеќе од вас - дури и да побара реприза.
Доколку таа е тип на девојка која радо би експериментирала во сексот, поголема е и веројатноста дека ќе се согласи на тоа да прими трета личност во вашата постела.
Секако, пред воопшто да предложите секс во тројка, размислете за последиците кои тој може да ги остави на вашата врска и дали сте подготвени да ги прифатите. Ако вашиот однос е заснован на доверба и взаемно почитување, многу е можно ова да едновечерна забава да помине без никакви проблеми, пишува "MH".
Отворен разговор
Едно од најважните правила на групниот секс е - отворен разговор за се! Затоа најпрво запрашајте се дали сте доволно зрели и самоуверени за да се впуштите во тројка. Доколку не сте во состојба опуштено да разговарате за тоа, дефинитивно нема да бидете во состојба доволно да се опуштите и за да го направите тоа.
Ако сте желни да пробате, најпрво поразговарајте со својата партнерка за својата идеја, разгледајте ги можностите и смислете на кој начин ќе го предложите тоа на вашиот "додаток на забавата", за да ви се придружи во идејата.
Како да предложите
На многумина им се има случено да се напијат и за време на некоја забава да ја започнат темата за "тројка". Ваквиот метод е лош, пред се поради тоа што може да побуди љубомора - вашата партнерка ќе мисли дека ви се допаднала некоја девојка и дека поради тоа сакате секс во тројка.
Поради тоа, подобар начин е да разговарате опуштено за сексот општо, а потоа да преминете на темата на фантазии. Тоа е здрав и отворен разговор меѓу двајца зрели луѓе кои уживаат во магијата на сексот.
Кога таа ќе ве праша вас за што мечтаете пред спиење, искрено кажете и дека ја замислувате гола во прегратка со уште една девојка. Потрудете се да и објасните дека нема потреба да почувствува љубомора во ниеден момент - тоа е само ваша работа, ваш начин да го разубавите сопствениот однос и да го зачините својот сексуален живот. Дека сакате да ја гледате неа со некој, а не некој со неа или да бидете со друга додека таа е на страна.
Кога конечно ќе дојде до тројката, не е баш се решено. Постојат работи на кои треба да обрнете внимание за време на ова сексуално искуство.
Првата работа е вашата љубомора. Колку и да ве воодушевува глетката во вашата глава, ако девојките премногу се посветат една на друга, а вие само гледате, би можело да почувствувате љубомора, што како резултат често има потполно нарушена доверба. Не дозволувајте било што да го расипе моментот што толку долго го чекавте и уживајте во остварувањето на вашиот сон.
Постои можност и вашата девојка да биде љубоморна. Немојте премногу да се посветувате на "гостинката", бидејќи вашата партнерка може да стекне впечаток дека е вишок. Затоа што сигурно не сакате да се покае што се согласила на тројка, потрудете се во ниеден момент да не се почувствува запоставено.