Спорт // Спорт
Селдоски: Противникот е агресивен, ние сме подготовени за победа против Линколн
Македонскиот фудбалски шампион, Шкупи утре од 20.45 часот го пречекува Линколн од Гибралтар, прво квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите.
Шкупи е фаворит на средбата, Линколн може да биде незгоден, а тренерот Гоце Седлоски најавува победа.
„Ја подготвувам екипата, мораме да го дадеме максимумот, да ги одиграме овие 90 минути квалитетно, ова е само прво полувреме од пресметката. Со победа би биле задоволни, пред нас имаме незгоден тим, агресивен тим, доста трчаат и знаат да се бранат. Имаме нови 11 играчи, земавме играчи таму каде што ни требаа и мислам дека Шкупи ќе биде повторно силен, костурот на екипата е задржан“ рече Седлоски на прес конференцијата.