Селекторот на Грузија предупредува но и порачува: Се зависи од нас, иако Македонија има квалитетен тим

Грузија е домаќин на Македонија во Тбилиси, претпоследен меч во Лигата на нации за двете селекции.

Селекцијата на Грузија е прва со 3 бода предност во однос на Македонија, со нерешен резултат или победа го заверуваат пласманот во плејофот.

Вили Сањол, селекторот на Грузија со одбрани зборови говори за Македонија, о од нив зависи се кога е резултатот во прашање.

„За мене Македонија беше најдобриот тим во групата пред почетокот на натпреварите. Играа на Европско првенство и имаат одлична група на фудбалери. Тие ја исфрлија Италија од светското првенство, имаат репрезентација која последните две години направи одлични резултати. Но, сега сме лидери во групата, сами одлучуваме за првото место и ќе бидеме многу разочарани ако не успееме да завршиме први. Не смееме да го започнеме мечот со мисла дека ни треба бод за прво место. Но, ако сакаме победа мораме да бидеме квалитетни на секој дел од теренот. Почнувајќи од одбраната. Имавме само еден заеднички тренинг пред овој натпревар. Без задоволен од тоа што го видов. Мечот ќе биде на високо ниво, со голем интензитет. Ќе видиме колку ќе биде поразличен од јунскиот за нас или за Македонија“ – рече Сањол на денешната прес конференција.

Дуелот меѓу Грузија и Македонија се игра утре од 18 часот, со пренос на МТВ1 и Аренаспорт.