Сензационално: Научници прават злато, нема да поверувате од што
Додека класичната мешавина од 18-каратно злато е направена од три четвртини од злато и една четвртина од бакар, новото злато е направено од протеински влакна и полимери од латекс за да се создаде матрица што опфаќа тенки дискови од златни нанокристали. Лесно можеме да кажеме дека тие создадоа злато од пластика.
Новото злато ги има сите карактеристики на пластика и злато, објаснува еден од професорите вклучени во производството, Рафаела Мезенга. Лесно е, ако падне на цврста површина звучи како пластика, но сјае како злато и може да се преработи како класично злато.
Научниците дури откриле како да го променат составот на златото за да ја прилагодат јачината на материјалот. Така, тие можат да создадат секаков вид злато, дури и во различни бои.
Мезенга посочува дека пластичното злато може да
се користи за накит, но и во електронски уреди како паметни телефони или
телевизори. Тие веќе го патентираа своето пластично злато и целиот процес на
измислување, така што може да видиме пластично злато во практична употреба во
иднина.