Серијата „Подобар живот“ ја следеа сите, но овој нелогичен детаљ никој не го забележа
Сеијата „Бољи живот“ (Подобар живот) ја гледаше и обожаваше цела поранешна Југославија, а колку е популарна и денес покажуваат честите репризи, но и бројните реплики кои влегоа во секојдневниот говор.
Премиерата на серијата беше во 1987 година, а последната епизода за прв пат беше емитувана во 1991 година. Токму затоа го носи епитетот на последната југословенска серија, бидејќи само неколку дена по завршувањето на серијата, Словенија и Хрватска прогласија независност од СФР Југославија.
Главните улоги, односно членовите на семејството Попадиќ, маестрално ги одиграа Марко Николиќ, Светлана Бојковиќ, Борис Комнениќ, Драган Бјелогрлиќ и Лидија Вукиќевиќ.
Сепак, малкумина знаат дека Бојковиќ била премлада за улогата на Емилија Попадиќ - мајката на Саша, Боба и Виолета.
Имено, Светлана е само 15 години постара од Лидија Вукиќевиќ, а само 10 години од Борис Комнениќ, па според тој параметар не би можела да им биде мајка иако така се наместени работите на малите екрани.
Има актери кои одбија улога во серијата, а една од нив е и познатата Дара Џокиќ.
Актерката не можеше да ја прифати работата поради обврските во театарот, а нејзиниот ангажман во проектот ТВ Белград подоцна ги прослави нејзините колешки Светлана Бојковиќ, Лидија Вукиќевиќ и други. Дара тогаш имаше само триесет години и можеше да ги игра и Емилија и Виолета Попадиќ.
- Го одбив „Бољи живот“, иако ова не се знаеше. Требаше да играм една од главните улоги. Не знам како да објаснам. Тогаш работев многу во театарот. Воопшто не бев свесна за гледаноста што ќе ја има таа серија. Не се каам за ниту една моја постапка. Така требаше да биде - изјави Дара Џокиќ гостувајќи во една ТВ емисија.
Тука е и Лепа Брена која требаше да биде Нина Андрејевиќ.
- Тоа беше одамна и не се сеќавам кој ми се јави. Немав време да правам серии, бидејќи снимањето може да трае две години. Во тоа време бев преокупирана со настапи и турнеи низ поранешна Југославија и светот. Снежана Савиќ е голем професионалец и маестрално ја одигра улогата, што сигурно јас немаше да можам - изјави своевремено Лепа Брена, пренесува Курир.