Спорт // Спорт
Сериозен удар за Вардар, Симеон Христов потпиша за Гостивар
Еден од најдобрите играчи на Вардар, напаѓачот Симеон Христов се пресели во директниот ривал за пласман во ПМФЛ, екипата на Гостивар.
Христов кој беше стандарден кај Вардар, се реши да ги смени клупските бои во најголемиот ривал на црвено-црните.
Вардар за Христов беше матичен клуб, а играше и за Пелистер, Брегалница Штип, Тетекс, Еуромилк Горно Лисиче, Македонија ЃП, Тиквеш, Борец и Работнички. Во странство настапуваше за Влазнија, Јужен Мијанмар, унгарските Вашаш и Егер.