Се*сот ме одржува во живот: Мадона призна која е нејзината омилена опсесија, па откри што би правела ако не е пејачка!
Се*сот ме одржува во живот: Мадона призна која е нејзината омилена опсесија, па откри што би правела ако не е пејачка!
Поп иконата одговараше на прашања од обожавателите!
Поп иконата Мадона одговори на дури 50 прашања од љубопитните фанови во новото видео на нејзиниот канал на Јутјуб и прилично ги изненади сите со својата брутална искреност.
На прашањето за што се кае, пејачката одговори како од ведро небо: „Затоа што се омажив и тоа двата пати!“
Мадона исто така додаде дека повеќе би сакала да биде „прегазена од воз“ отколку повторно да оди по истата патека.
Во видеото открила и дека моменталната омилена опсесија и е сексот, признала и дека не била тоа што е, дека ќе била учителка.
На прашањето како продолжува да наоѓа инспирација во свет кој драстично се промени од почетокот на нејзината кариера, Мадона рече дека „ако сте љубопитна личност и внимавате на животот, никогаш нема да престанете да се инспирирате“.
Седумкратната добитничка на Греми, исто така, рече дека би сакала да работи со американскиот рапер Кендрик Ламар, пред да признае дека најтешкиот дел од работата на нејзиниот биографски филм е да го „набие“ целиот свој живот во игран филм.
Подоцна призна дека сексот ја мотивирал да продолжи, а исто така признала дека би сакала повторно да работи со Бритни Спирс, 19 години по објавувањето на нивниот хит „Me Against The Music“.
За потсетување, поп иконата беше во брак со холивудскиот актер Шон Пен од 1985 до 1989 година и со британскиот режисер Гај Ричи од 2000 до 2008 година.