Северина пред 3 децении: Се појави видео од почетокот на нејзината кариера

Сигурно не сте знаеле дека пејачката има изведба на одличниот танцов хит „Ламбада“ во нејзината рана музичка биографија.

Поп-иконата Северина денес има илјадници концерти и петнаесет албуми зад себе, но на почетокот на својата кариера, таа, како и секоја млада пејачка, се борела за своето место под естрадното небо.

Сигурни сме дека многумина од постарата генерација, а да не зборуваме за помладата не се сеќаваат како изгледала Северина на настапот во еден хотел во Сплит. Тогаш 17 - годишната Северина била пејачка во подем, а промената може да се забележи и во нејзиниот стил.

Уште тогаш симпатичната пејачка со црна густа коса и впечатливи веѓи давала до знаење дека музиката и танцот се нејзина единствена љубов и насока во која сака да започне.

Само една година подоцна, Северина победила на едно натпреварување, а наградата била снимање на албум.


Денес Северина има 48 години и важи за една од најголемите sвезди во регионот.