Сфатил дека не ја познава сопругата, па славел за разводот: Неверојатната приказна на Гуза од „Подобар живот“
Одвојувањето од ќерка му било многу тешко за него, па затоа денес ужива во секој момент со внуката...
Актерот Борис Комнениќ глумеше во многу филмови и серии, меѓутоа за публиката засекогаш ќе биде најпрепознатлив како Гуза од серијата „Подобар живот“.
За неговиот приватен живот се знае малку, а одамна бил оженет со жена која не ја познавал доволно добро, па кога ја запознал сепак одлучил да се разведе.
„Работата не влијаеше на разводот, мојот брак заврши успешно, бидејќи разводот се покажа како одлично решение. Тоа беше еден од најубавите во моменти во нашиот заеднички живот, никогаш не се дружевме подобро од денот кога се разведовме. Бевме заедно на ручек, убаво зборувавме и одлично си поминавме, а така и продолживме.“ - рече тој и додаде:
„И работата беше еден од факторите за развод, но не беше пресуден. Рене и јас не се познававме доволно добро пред да се венчаме, потоа започнавме да се запознаваме и не ни се допадна она што го дознавме“ - раскажа Борис за „Стори“.
Од бракот со Рене ја има ќерката Ника која сега е мајка. Сепак, вели, дека не успеал да учествува во нејзиното растење, бидејќи таа за време на војната со својата мајка живеела во Хрватска.
„Не се видовме од почетокот на војната, бидејќи од непознати причини никако не успевав да добијам виза за да одам да ги посетам. Откако се укинаа визите, редовно се гледавме, но сега таа е зрела и формирана личност, мајка на мојата внука Луција. Ника сега влијае на мене, се обидува да ме воспита и да ме направи позрел и подобар.“ - раскажа тој.
Одвојувањето од ќерка му го поднел многу тешко, меѓутоа она што најмногу го радувало во воениот период е тоа што преку одреден „канал“ имал информации дека ќерка му и поранешната жена се добри, живи и здрави.
„Не умеам ниту да објаснам колку ми беше тешко. Работеа некои канали, ни самиот не знам како успевав да ги остварам, а тие само ми обезбедуваа информации дека тие двете се добро. Најлоша беше таа неизвесност и нашето меѓусебно непознавање. Тоа беа најчувствителните години на мојата ќерка во кои јас не учествував и тој период практично е изгубен засекогаш. Се обидувам тоа да не го повторам со внуката и се надевам дека ќе успеам во тоа.“ - објасни Борис.
Еден период дури 5 години ја немал видено ќерка му, а раскажа и како изгледала нивната прва средба по толку години.
„Тоа беше средба на двајца луѓе кои се многу блиски, а не се знаат. Се сретнавме во Љубљана, бидејќи тогаш уште не можев да одам во Хрватска. Непријатноста беше многу брзо скршена, бидејќи крвта не е вода, а на прекрасниот однос за среќа трае до денес“ - заврши познатиот актер.