Шаќири и Хасани оптимисти: Шкендија секогаш игра на победа, така ќе биде и утре против Валмеира
Шкендија утре и гостува на Валмеира од 17 часот во Рига, 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.
Македонскиот тим најавува дека има многу мотиви за добар резултат на гостувањето, тренерот Артим Шаќири најави дека екипата е подготвена за добар резултат и максимална игра.
„Добро го анализиравме противникот, Валмеира за која знаеме дека е квалитетен тим кој игра напаѓачки фудбал. Не чека тежок натпревар, но ние имаме свои цели, Шкендија на секој натпревар ќе оди на победа, така ќе биде и утре“, изјави Шаќири на прес-конференцијата.
Капитенот Ферхан Хасани, се сложува со констатацијата на тренерот.
„Покажавме дека Шкендија на секој дуел игра офанзивно и на победа, подготвени сме да го дадеме максимумот на утрешниот меч и да дојдеме до позитивен резултат, потоа на домашен терен да го потврдиме патот кон следната рунда во Конференциската лига“ – истакна Хасани.