Шаќири: Заслуживме две победи, но не победува секогаш подобриот тим

Шкендија не успеаја да обезбеди  плеј-офот во Конференциската лига, македонскиот тим, загуби по пенал серијата со АИК, по 90 минути и продолженијата, беше 1-1.

Тренерот Артим Шаќири, изјави дека е горд на екипата, и покрај елиминацијата.

„Горд сум за на моите играчи, покажаа дека знаеме да играме фудбал, мислам дека заслуживме да победиме и на двата меча, не секогаш подобриот победува во фудбалот. Ние градиме екипа за долг период, ќе има освежувања, очекуваме и нови засилувања. Хасани е наш лидер, разочаран е по промашениот пенал, но животот продолжува“, изјави Шаќири.