Спорт // Спорт
Шалке нема пари за Чурлинов, останува во Штутгарт, или ќе има нов клуб ?
Дарко Чурлинов одигра одлична полусезона во Шалке, беше на позајмица, сега се врати во својот актуелен клуб Штутгарт, запиша и гол на подготовките.
Шалке има желба да го донесе Чурлинов назад во Гелзенкирхен, но нема пари, потврди директорот на клубот Рувен Шредер.
„За жал немаме пари да го откупиме договорот на Чурлинов од Штутгарт, ние го сакаме Македонецот во нашиот тим, но ситуацијата е таква, ние едноставно немаме пари за тоа“ изјави Рувен Шредер.
Чурлинов има договор со Штутгарт до 2024 година, засега останува тука, иако имаше понуди од неколку клуба од Германија, и еден од Турција.