Шанел за крај: Меланија Трамп замина од Белата куќа како икона на стилот
Вчера беше денот кога Доналд Трамп и Меланија, ја напуштија Белата куќа и Вашингтон!
"Да се биде ваша прва дама беше моја најголема чест. Ви благодарам за вашата љубов и поддршка. Ќе бидете во моите мисли и молитви. Бог да ве благослови. Бог да ги благослови вашите семејства. И Бог да ја благослови оваа прекрасна земја. Ви благодарам", рече Меланија Трамп на пришталниот говор.
Нема сомнение дека стајлингот за прошталниот ден беше многу внимателно избран, и сигурно е дека тој ќе остане добро запаметен! Меланија беше облечена во црно, косата беше собрана во елегантна пунџа и плени со софистицираност.
Покрај тоа, имаше бројни дизајнерски парчиња облека!
Од чантата Биркин, преку чевлите со потпис на омилениот Кристијан Лобутин на Мелани, сè до блејзерот на Шанел. Миди здолниште до колена, долги црни ракавици и црни очила само го комплетираа стајлингот.
Фото. profimedia