Спорт // Спорт
Шаркоски повторно во Работнички, се врати во клубот по една ипол година
Николче Шаркоски е нов фудбалер на Работнички. Тој доаѓа како слободен агент и се враќа во клубот во кој играше пред една и пол сезона која ја мина во редовите на Академија Пандев.
Шаркоски потпиша едногодишен договор, и се очекува неговото деби.
„Среќен сум што се враќам во редовите на Работнички. Ова за мене е добро позната средина, верувам дека брзо ќе се вклопам и дека ќе му помогнам на тимот да ги реализира клупските цели“, вели Шаркоски.