Шеик му подготви богатство на Новак: Се чека одлуката на Ѓоковиќ, се подготвува голем спектакл

Уште во февруари од Саудиска Арабија стигна најава за голем тениски спектакл наречен „Слем на шест кралеви“, а внимание привлече и наградниот фонд на турнирот.

Како што првично беше најавено, на овој престижен турнир треба да настапат Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Карлос Алкараз, Јаник Синер, Данил Медведев и Холгер Руне.

Како што дознава британски „The Telegraph“, секој учесник треба да добие чек од 1,5 милиони долари, додека победникот би бил побогат за дури шест милиони долари.

Тоа значи дека Новак Ѓоковиќ во случај на настап и победа би можел да заработи двојно повеќе отколку да го освои УС Опен, чиј награден фонд изнесуваше три милиони долари.


Кралското семејство на Саудиска Арабија ќе биде во Ријад и се очекува да ги наполни трибините за тенискиот спектакл.

Исто така, најавено е дека овој тениски спектакл ќе се организира среде АТП сезоната, најверојатно меѓу Мастерсот во Шангај и Париз.

Сега се очекува да се дефинираат сите детали, како и потврдата кој ќе настапи на овој спектакл.

Надал е при крај на кариерата, се уште не објави каде официјално ќе се збогува, но треба да знаете дека неодамна стана амбасадор на тенисот во Саудиска Арабија, па можно е да го видиме во Ријад на крајот на сезоната.