Шесте најдобро облечени мажи на светот за 2021 година: Тие имаат стил
Во последните години, мажите ја зазедоа модната сцена со тоа што станаа похрабри и покреативни во изборот на облека. Мажите станаа подеднакво храбри и смело си играат со боите и стиловите.
Некои од најпознатите мажи во светот не само што се талентирани и добри во она што го работат, туку се препознатливи и по нивниот уникатен стил и чувство за мода.
Машката облека дефинитивно претрпе голема трансформација. Со подемот на минимализмот, мажите од целиот свет стануваат се повеќе свесни за својот избор.
Во галеријата откриваме кои се најдобро обучените мажи во светот оваа година!
Николас Хулт
Неговиот стил еволуираше на и надвор од екранот со текот на годините. Речиси две децении, неговиот стил претрпе состојба на постојана трансформација. Елегантен и модерен во исто време, може да носи костуми и маици во боја, додека подеднакво секси изгледа во кожени јакни, маици со принт и темен тексас за полежерен изглед.
Том Холанд
Водечкиот човек од франшизата Спајдермен изгледа апсолутно елегантно во речиси сè што носи. Елегантниот начин на кој ги носи неговите костуми го прави неговиот стил уникатен.
Џејк Џиленхал
Актерот, кој веќе некое време е во јавноста, со години експериментира со различни стилови и трендови. Една од причините поради која постојано се појавува на многу листи на најдобро обучени од година во година е тоа што избира облека која одлично му стои во бои кои го надополнуваат. Својот стил го прави достапен за секого, а тоа му оди во прилог.
Дејвид Бекам
Тој несомнено е еден од најмодерните Британци од година во година, а всушност е уште еден човек кој поминал низ многу стилови и експериментирал со трендовите, поради што ја имал честа да биде амбасадор на Британскиот моден совет.
Бред Пит
Додека многу други можеби се помодерни и поелегантни од Бред Пит, тој има посебна харизма. Едно е сигурно, неговиот добар изглед и личност секогаш ќе му одат во прилог. Човекот изгледа добро во обична маица и фармерки, со капи, како и во скап костум
Тимоти Шаламе
Неговиот изглед и страсна глума, заедно со неговиот пристап кон модата, го прават наша омилена стилска икона за 2021 година. Некои го нарекоа стилски волшебник, тој може да донесе некои андрогино дизајнирани комплети кои ќе предизвикаат морници кај некои мажи, што му ја носи титулата најдобро облечен маж во 2021 година.