ШИШЕ ВИСКИ ПРОДАДЕНО ЗА 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА: Посебната етикета је крена цената, колекционерите „полудеа“
Дванаесет шишиња, вклучувајќи го и она што се продава денес, имаат етикети дизајнирани од италијанскиот сликар Валерио Адами
Шише шкотско виски „Macallan Adami“, кое важи за најбараното во светот, викендов беше продадено за речиси 2,2 милиони фунти (околу 2,5 милиони евра), што е рекорд на аукција за шише вино или жесток пијалок.
„Macallan Adami 1926“ е продаден во аукциската куќа Sotheby's во Лондон, по речиси вистинска „војна“ за време на наддавањето меѓу потенцијалните купувачи преку телефон, како и во самата аукциска куќа, пренесува AP. Само 40 шишиња „Macallan Adami 1926“ беа флаширани во 1986 година по стареење во буриња 60 години.
Дванаесет шишиња, вклучувајќи го и она што се продаде во саботата, имаат етикети дизајнирани од италијанскиот сликар Валерио Адами. Уште едно шише од истото буре беше продадено од Sotheby's во 2019 година за речиси 1,5 милиони фунти (околу 1,7 милиони евра), што во тоа време беше рекордна цена за шише вино или алкохолни пијалоци досега.
„Macallan 1926“ е вискито кое секој аукционер сака да го продаде и секој колекционер сака да го поседува“, вели Џони Фаул, глобален менаџер за алкохолни пијалоци на аукциската куќа Sotheby's.