Спорт // Спорт
Шкендија гостува кај Валмеира во Рига, резултатот императив за тимот на Артим Шаќири
Шкендија вечерва има нов предизвик во квалификациите за Конференциската лига, гостување кај Валмеира во Рига, противникот непознат, амбициите се јасни, победа на гостувањето.
Тренерот Артим Шакири смета дека Шкендија е подготвена, не е важна играта, сега резултатот е најважен, за мирен реванш во Скопје.
„Ние ќе направиме сè да извлечеме максимум од нас и да забележиме позитивен резултат. Валмеира за која знаеме дека е квалитетен тим кој игра напаѓачки фудбал, не чека тежок натпревар. За нас најважен е резултатот, Шкендија ќе игра на резултат на овој дуел“, рече Шакири.
Валмиера и Шкендија играат попладнево со почеток од 17:00 часот.
ФОТО: ФК ШКЕНДИЈАФЕЈСБУК