Спорт // Спорт
Шкендија и Шкупи ги дознаа можните противници, тежок пат на тимот од Тетово
Шкупи и Шкендија ги добија можните противници во европските натпреварувања. Шампионот Шкупи доколку биде елиминиран од Шамрок Роверс, ќе игра против Блакани од Косово или Клаксвик од Фарските острови за пласман во групната фаза на Конференциската лига.
Шкендија доколку биде подобра од шведски АИК, ќе игра со поразениот од дуелот Фенербахче – Словачко во Лигата на Европа.
Натпреварите од плејофот се на програмата на 18 и 25 август.