Шкендија најавува победа и во Ерменија, брани два гола разлика против Арарат

Шкендија е во Ереван, каде денес го игра реваншот со Арарат, средба од Конференциската лига, квалификациски натпреварод 1. коло. 

Тимот од Тетово брани предност од  два гола (2-0), стекната во Скопје,  Егзон Бејтулаи смета дека Шкендија  подготвена го очекува реваншот. 

„Комплетно сме подготвени, знам дека сите ќе го дадеме максимумот и ќе оствариме позитивен резултат. Шкендија ќе игра на победа, како и секогаш,  мислам дека сме подготвени за добар резултат“, изјави Бејтулаи.

Мечот меѓу Арарат и Шкендија се игра денес  со почеток во 17 часот.