Шкендија одигра нерешено со Арарат, обезбеди пласман во следното коло на Конференциската лига

Шкендија одигра 2-2 на гостувањето кај Арарат во Ерменија, и со вкупни 4-2 се пласира во второто квалификациско коло од Конференциската лига.

Тетовчани одиграа добар натпревар во Арарат, поведоа со автоголот на Браво, Гури постигна гол за водство на Шкендија од 2-0 во финишот на првиот дел.

Во второто полувреме Малакјан даде два гола и го израмни резултатот на 2-2, што беше и конечен резултат на средбата, Шкендија со 4-2 вкупни е во следното коло.