Шкендија потпиша професионален договор со талент кој има 17 години

Шкендија мисли на својата иднина, клубот од Тетово потпиша професионален договор со  17-годишниот напаѓач, Зани Назифи. 

Назифи потпиша со Шкендија  петгодишен договор.

„Ова е многу важен момент во мојот живот,  професионален договор со Шкендија е остварување на  мојот сон. Максимално сум мотивиран да работам посветено за да ја оправдам довербата “, изјави Назифи.

Зани Назифи е репрезентативец  на Македонија во селекцијата на грачи  до 19 години, а за сениорскиот тим на Шкендија дебитираше на 19 февруари 2022 година против Борец.