Спорт // Спорт
Шкендија сака да ја искористи „ранливата“ одбрана на АИК во Стокхолм
Шкендија вечерва од 19 часот во Стокхолм, на стадионот „Френдс Арена“, се среќава со АИК, тимот од Шведска е фаворит, но и ма и слави страни.
Ова е прв меч од третото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.
Тренерот на Шкендија, Артим Шаќири, на прес конференцијата изјави дека АИК добро скениран, нападот е посилниот ден од играта, а имаат проблеми во одбраната.
„Ние сме подготвени за предизвикот, сакаме да си играме нашата игра, се надевам на поволен епилог. АИК Стокхолм е квалитетен тим, имаат добар напад, лесно креираат шанси, имаат слаби страни во одбраната, кои ќе се обидеме да ги искористиме“, изјави тренерот на Шкендија.