Шкендија се засили на голманската позиција, Талески нов член на клубот од Тетово

Шкендија се засили на голманската позиција,  Давор Талески и официјално промовиран во како нов член на тимот од Тетово. 

Талески е големо засилување  за Шкендија, потпиша договор на три години, а доаѓа од екипата на   Струга ТЛ.

„Среќен сум што сум во Шкендија, ова за мене е  голем предизвик, екипата секоја година игра во Европа и тоа е шанса да ги покажам квалитетите и да му помогнам на тимот,  верувам дека ќе ја оправдам довербата“, истакна Талески.