Шкендија треба да го потврди пласманот во следната рунда во Лигата на конференции, Шаќири најавува нова победа
Шкендија вечерва од 20.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, треба да го потврди пласманот во третото коло во Лигата на конференции на УЕФА.
Победата на тетовчани од прват средба против Валмиера со 1-2 на гости, гарантира дека Шкендија е во позиција да се смета како учесник во следната рунда.
Тренерот Артим Шаќири е внимателен пред реваншот, но порачува дека Шкендија нема да ја испушти шансата за нова победа и потврда на пласманот во третата рунда.
„Имаме предност, но ова е втор и сосема поинаков меч кој има своја важност. Подготвени сме, го знаеме противникот, очекувам навивачите да бидат во голем број и да битат наш 12-ти играч. Нема ништо лесно, но мора да докажеме дека победата во Летонија не беше случајна – вели Шаќири.