Школската ужина често му била единствен оброк, мајка му собирала шишиња, а тој сега ќе заработува шест милиони евра годишно: Животната приказна на фудбалерот Дарвин Нуњез

Пред нешто повеќе од десет години Дарвин Нуњез без ништо замина во белиот свет, а сега стана најскапиот трансфер во историјата на култниот Ливерпул.

Уругвајскиот голгетер Дарвин Нуњез, како и многу јужноамерикански ѕвезди, тргна од беда и сега потпиша животен договор со Ливерпул и стана најскапиот трансфер во историјата на култниот англиски клуб.

„Црвените“ за него ѝ платија Бенфика 75 милиони евра веднаш и уште 25 преку бонуси, а тој потпиша на шест години и ќе заработува дури 6.000.000 евра по сезона.


Неговата иднина изгледа одлично сега, но не толку одамна, пред само шест години, тој имаше само перспектива. Беше со милји далеку од сигурна иднина, а неговите родители и тој се одлучија на голем чекор.

Почна од беден живот

Тргна од гратчето Артигас, на 14 години го напушти домот на своите родители и се пресели во 600 километри оддалечениот од дома уругвајски главен град Монтевидео и потпиша за „Пенарол“. Неговите родители често не можеле да му испратат пари, па школската ужина често му била единствениот оброк тој ден.

Татко му работел по цел ден како ѕидар, а мајка му собирала шишиња по улица за да му обезбеди дополнителен приход на семејството.


„Никогаш нема да заборавам од каде почнав“, рече Дарвин Нуњез во пресрет на трансферот на кариерата.

Почетокот му беше многу добар, а кога му тргна, веќе не се заврти назад. По само три години во „Пенарол“, го купи шпанска „Алмерија“, која една година подоцна го препродаде на „Бенфика“ за 24.000.000 евра. Тој беше во Португалија од 2020-та година, а сега за својот и официјално поранешен клуб сега обезбеди приход од околу 55.000.000 евра.


Пред нешто повеќе од половина деценија, неговото семејство живееше во беда, а сега ќе уживаат во богат живот додека нивниот син го води нападот на еден од најголемите клубови на сите времиња во друштво на Салах, Дијаз, Јота, Фирмињо.

Извор: gol.dnevnik.hr