Спорт // Спорт
Шкупи бара изненадување, Динамо Загреб фаворит, ТВ пренос од мечот на сезоната за македонскиот првак нема
Динамо Загреб со фаворитска улога го пречекува Шкупи вечерва на „Максимир“, средбата се игра од 21 часот.
Шампионот на Хрватска по сите параметри во пресрет на вечерашната средба е фаворит, а Шкупи се надева на спортско „чудо“.
„Убаво е чувството повторно да се биде тука на „Максимир“. Знаеме против кого играме, знаеме каков квалитет има Динамо, но ние дојдовме да се надигруваме, да го дадеме најдоброто од себе, дали ќе биде тоа доволно, ќе видиме. Знам како игра Динамо, играат напаѓачки и офанзивно“ – изјави ХРТ, Седлоски.
Средбата започнува од 21 часот, пренос нема на ниту една македонска телевизија, за територијата на Хрватска овој натпревар ќе го емитува државната ХРТ.