Шкупи и Шкендија до милионски финансиски средства од УЕФА
Резултатите на Шкупи и Шкендија сезонава на натпреварите од квалификациите за Лигата на шампионите и Конференцсиката лига им донесоа за македонски фудбалски прилики сериозни средства, можат и повеќе но зависат секако од резултатите во следната фаза на Европа лигата и Лигата на Конференции.
УЕФА доделува средства за победи и пласмани, па така Шкендија стигна до нешто над милион евра, односно досега има загарантирани 1,05 милиони според сумите кои ги гарантира „Европската куќа“ на фудбалот.
Шкендија може да стигне и до нови 750.000 евра, ако го победат во двомечот АИК и обезбедат плејоф.
И покрај елиминацијата од Динамо Загреб во квалификациите за ЛШ, Шкупи, од УЕФА има сигурни 1,3 милиони евра, секако може и повеќе во зависност од резултатите во ова „европско“ фудбалско лето.