Шкупи по историја против Шамрок, пренос повторно нема за македонските гледачи
Шкупи го пречекува Шамрок Роверс (21. час), натпревар за историја на македонскиот тим кој е на чекор од плеј-оф во Европа лигата.
Македонскиот тим, има негатива од 1-3, потребна е победа, а тренерот Гоце Седлоски најавува голема борба со силниот противник.
„Играме против квалитетен противник, но ние имаме самодоверба и мотивација, дефинитивно ќе играме да победиме. Ги повикувам навивачите, кои се наш дванаесетти играч да бидат со нас до крајот“ – порача Гоце Седлоски.
Доколку Шкупи успее да го мине Шамрок, во плеј –офот во ЛЕ ќе игра против Карабах или Ференцварош, во спротивно го очекува плеј – оф во ЛК ќе игра против Балкани или Клаксвик.
Како и на претходните средби кои беа важни за македонскиот клупски фудбал, и оваа вечерва на Шкупи со Шамрок нема да биде емитувана на ниту една ТВ од Македонија, а пренос ќе има на Суперспорт од Албанија.
Според нашите информации од Шкупи, ниту една македонска ТВ не ги контактирала за пренос од овој меч кој може да биде историски македонскиот клупски фудбал.