Спорт // Спорт
Шкупи против бугарскиот шампион во третото коло во ЛШ
Македонскиот првак во фудбал, Шкупи, го дозна можниот противник во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Шкупи доколку во двомечот со Динамо Загреб биде подобар, во следната рунда ќе се сретне со победникот од мечот меѓу бугарскиот првак Лудогорец и Шамрок од Ирска.
Според ждрепката, ако Шкупи биде подобар од Динамо Загреб, првиот натпревар треба да се игра на гости, во Бугарија или во Ирска.
Квалификации ЛШ-3 коло:
Лудогорец/Шамрок – Динамо Загреб/Шкупи