Спорт // Спорт
Шкупи се подготвува за реваншот со Линколн, голманот Наумовски бара внимателен пристап
Шкупи во вторник му гостува на Линколн, реванш средба од квалификациите за Лигата на шампиони.
Македонскиот првак има 3-0 по првата средба, убава предност, но голманот на Шкупи, Кристијан Наумовски, најави дека не смее да има опуштање.
„Имаме позитивен резултат, но мора да бидеме внимателни и не смееме да дозволиме непријатно изненадување во Гибралтар. Ќе играме на вештачки терен, па веќе неколку дена тренираме на таква подлога, на реваншот мораме да бидеме посветени, ќе дадеме сè од себе со надеж за пласман во второто коло", изјави Наумовски.