Шкупи со порака за Шкендија: Ниту едно ривалство не може да ги надмине пријателството и братството

Шкупи со реакција по вчерашниот натпревар со Шкендија во Тетово, новиот шампион на Македонија во фубал со порака за ланскиот по случувањата на дербито од 32 коло.

СООПШТЕНИЕ НА ШКУПИ:

„На натпреварот одигран вчера се случи срамен и тажен настан за фудбалот. Не чувствуваме никаков гнев кон навивачите поради настаните што се случија вчера. Вистинскиот гнев кај нас е насочен кон менталитетот на менаџментот што ги наведе навивачите на овој немил настан. Овој менталитет треба да знае дека ако бараат непријател, нема да може да најдат подобар непријател од нас. Ако така сакаат - ок, на нам нѝ одговара. Но, дали е тоа во ред? На јавноста ѝ е добро познато дека тоа не е во ред и дека не треба да биде така. Најголемата карактеристика на спортот е тоа што обединува, вклучува братство и мир. 

Само благодарение на здравиот разум на нашите фудбалери и техничкиот штаб вчерашниот натпревар се доигра до крај. За време на настаните, раководството ги извести играчите и техничкиот штаб дека доколку сакаат можат да се повлечат од теренот. И играчите и техничкиот штаб покажаа одличен карактер со тоа што рекоа дека во оваа фаза не се плашат од никого, дека се дојдени да играат фудбал и дека само ќе играат фудбал. Би сакале да им се заблагодариме на нашите играчи и техничкиот штаб за нивниот став и здравиот разум. Ниту едно ривалство не може да ги надмине пријателството и братството“, порачаа од Шкупи.

Од Шкупи објавија и фотографија како тие го пречекаа тимот на Шкендија како шампион, а како тие беа пречекани во Тетово како прваци на Македонија.


ФОТО: ФК ШКУПИ