ШОК НА ОИ, ПАРИЗ НЕКОЛКУ МИНУТИ СЕ ЗАНЕМЕ: Светскиот рекордер изнесен на носилки
Ламеча Гирма, светскиот рекордер во тркака со препреки, вечерта беше изнесен на носилки и префрлен во болница во Париз.
Несреќата се случила кога тој паднал за време на трката откако ја зафатил бариерата. Лекарите веднаш му помогнаа и го изнесоа надвор од патеката.
Според извештаите на L'Equipe, Гирма изгубил свест, но набрзо се освестил.
„По неговиот пад за време на препреките на 3000 метри, Ламеча Гирма доби итна помош од лекарскиот тим на лице место. Нашите мисли се со него и му испраќаме најдобри желби за брзо закрепнување. „Париз 2024 е во близок контакт со олимпискиот комитет на Етиопија за да биде информиран за неговата состојба“, се вели во соопштението на организаторите на Олимписките игри.
Ривалот Суфиане Ел Бакали го освои олимпиското злато