ШОК СРЕДЕ ИСТРАГА: Неверојатно ВИДЕО откри како „покојникот“ станал и тргнал дома пред збунети полицајци

Маж претставен во руските медиуми само како Виктор (46) во понеделникот бил пронајден како безживотно лежи на клупа во Москва.

Граѓаните побрзале да ги известат лекарите за се‘, но работниците во Итната медицинска помош  по нивното пристигнување веднаш констатирале дека нема многу работа за нив.

Целиот помодрен и вкочанет, Виктор бил прогласен за мртов, била повикана полиција, па главниот јунак на оваа приказна набрзо се нашол покриен со црна торба наменета за транспорт на тела.

И Виктор лежел така извесно време, одмарајќи мртов ладен додека лекарите и полицајците ги пополнувале сите потребни формулари, но приказната наеднаш се свртела во сосема неочекуван правец кога Виктор од истата црна торба - вреснал!

Насобраните мислеле дека лешот едноставно се превртел, но кога црната торба почнала да се мрда пред истражниот тим, на сите им станало кристално јасно дека дошло до грешка, односно дека Виктор е жив и очигледно само мамурен.

Како што пренесува порталот МСК1, набрзо 46-годишникот сам заминал во непознат правец, оставајќи ги полицајците да се прашуваат што да напишат за нивното необично излегување на теренот.

Во меѓувреме, надлежните институции отворија истрага.


Фото и Видео: Youtube