Шокираше со изјава: Кога ќе дојде време, сопругата и јас заедно ќе умреме
Рок легендата се уште изненадува. И со изјави и со својот живот
Легендарната рок икона раскажува за неговиот брак, за неговата голема љубов кон сопругата
Алис Купер, добро познат американски музичар, го откри договорот што го има со сопругата Шерил Годар. Рок иконата е во љубов со неговата сопруга откако прв пат ја виде во 1975 година, а двојката откри дека решиле кога ќе дојде време на смртта, заедно да одат на тој пат.
„Ние направивме пакт затоа што нема шанси да живееме еден без друг“, објасни Купер.
„Не можам да живеам без неа. Ние секогаш велевме дека нема да дозволиме да тагуваме. Што и да се случи, заминуваме заедно!“
Алис зборуваше и за прекрасен брак од 43 години, како и за голема љубов што ја доживеал преку сопругата. Никогаш немало прељуба од нејзина страна и од негова страна.
Алис се за вљуби во Шерил кога дојде како танчерка во нивната група и ги придружуваше на настапи. Купер ја откри тајната на неговиот долг и среќен брак уште во 2017 година:
„Се оженив со девојка со која бев за заљубен!“
"Никогаш не се покајав. Првото и најважното правило за брак е да се ожените за девојка со која сте за вљубени. Тоа е најважната работа. Никогаш не се караме", раскажува рокерот за Шерил, опишувајќи ја како негова "најдобра пријателка".
Двојката се венча во 1976 година, имаат три деца: две ќерки и еден син.
Рокерот призна дека користел кокаин во 70-тите години на минатиот век, но неговата желба за живот била посилна, па затоа престанал да зема дрога.
"Во тие години, секој користеше кокаин. Јас се повлеков со тоа на време, но многу од моите пријатели не. Сфатив дека моето тело нема само да заздрави. Поминаа 37 години откакошто не земам дрога, не пијам алкохол и не пушам. Кога се разбудив едно утро повраќање крв, тоа многу ме испаши “, вели Купер искрено.