Шпанија покажа екстра класа, Македонија убедливо поразена на Медитеранските игри

Шпанија убедливо ја победи Македонија со 31:22, натпревар од третото коло во Б групата на Медитеранските игри во Оран, Алжир.

Македонската репрезентација беше немоќна и во двете полувремиња беше во негатива, во првото со 14:8, а на крај запиша пораз со девет гола разлика.

Ова е прв пораз на Македонија на игрите во Оран, славевме против Грција со 18 гола разлика, со Алжир одигравме нерешено 24:24.

Мартин Серафимов со осум голови беше најефикасен во нашата репрезентација. Утре играме против Турција од 19 часот.