Шпанскиот крал меѓу гостите: Надал ќе се жени во луксузен комплекс
Шпанските медиуми пишуваат дека славниот тенисер и Мери ќе застанат пред олтарот на 19 октомври, во еден мал град на брегот на Шпанија, Поленси
Еден од најпознатите шпански тенисери, Рафаел Надал (33) по
14-годишна врска во јануари ја
побара за жена својата девојка Мери Перело (31). Се шпекулираше дека
парот ќе стапи во брак по тенискиот турнир „Ролан Гарос“, но тенисерот изјави дека не знае од каде
потекнуваат овие информации.
Шпанските медиуми објавија дека славниот тенисер и Мери ќе застанат пред олтарот на 19 октомври, во еден мал град на брегот на Шпанија, Поленси. Двојката, наводно, го изнајмила целиот луксузен комплекс во градот, кој вклучува доста предности како базени, приватни простории и хеликодром, пренесува „Majorca Daily“.
Шпанскиот крал Хуан Карлос (81), со кого Надал е во добри односи приватно, е исто така поканет и треба да дојде на свадбата.
Парот е заедно уште од 2005 година, но се запознале многу порано. Мери е дипломиран финансиски стручњак и работи како проект менаџер за хуманитарните организации на Надал. Таа не е типична жена, ниту спортистка, па дури и кога станува збор за социјалните мрежи нема официјален профил на ниту една социјална мрежа.