Шпанскиот тореадор на стилот: Изразената вилица му е заштитен знак
Шпанецот со зелени очи, го освои светот на модата веднаш штом се појави на сцената. Го бараат најпознатите модни куќи, неколку пати е прогласен за најубав маж на планетата, најплатениот манекен и не му се знае бројот на девојки со кои бил. Не е невообичаено што и поп кралицата Мадона му фрли око.
Џон Кортајарена има многу успешна кариера на светската модна сцена. Беше заштитно лице на дизајнерските гиганти како Кавали, Бали, Етро и Трусарди. А,негов заштитен знак е изразената вилицата на лицето, остриот изглед и полните усни. Тој беше убеден од пријател да се обиде во светот на модата. Отиде во Барселона и започна неговото стрмоглаво патување нагоре.
Сега е еден од најуспешните машки манекени во светот.
Списокот на големи модни куќи и дизајнери кои го избраа Шпанецот за своите модни ревии и рекламни кампањи е долг: Ботега Венета, Долче и Габана, Салваторе Ферагамо, Армани, Џон Галијано, Том Форд, Шанел... Во летото 2009 година, магазинот „Форбс“ го рангираше на вторто место на листата на најуспешните машки модели во светот. Џон, исто така, се тестираше себеси во улога на актер, откако глумеше во филмското деби на модниот дизајнер Том Форд.
Има исклучително добар, изострен стил во облекувањето. Типичен мачо маж со софистицирани манири. Често носи костуми на церемониите, а на забавите и излегувањата е во релаксирана облека. Познат е по комбинирањето парчиња која на моменти се чинат дека се неспоиви. Но тој им дава посебна модна димензија.
Во слободното време, сака да гледа некомерцијални филмови, ги чита книгите на Паоло Коелјо, сака да се сонча, се шета по ридовите со пријателите и слуша музика.
За себе, вели дека е неодолив романтичар. „Верувам во голема љубов што може да ми го смени животот за пет дена. Можеби размислувам за тоа затоа затоа што сум млад, но посакувам да размислувам исто и кога ќе бидам стар“.
Сепак, на неговиот Фејсбук профил, може да се прочита дека е „комплициран“ во неговиот личен живот.