Штедењето е знак на свесност, но и на доверба и сигурност
На Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, Халкбанк АД Скопје ги сумира досегашните активности, меѓу кои и оние преку Детското штедење Халки, со кои се поттикнува и вложува во финансиската писменост од најмала возраст.
Октомври беше во знакот на нашето препознатливо штедливо слонче Халки, големиот пријател на децата. Настаните организирани од неговиот тим се многу посетени, пред сè, поради нивниот забавен и веселкарактер. Така на игрив и креативен начин ги поттикнуваме и едуцираме децата за штедењето, а преку нив и нивните родители, наставници и сите повозрасни. Тоа пак вродува со постојана доверба кон нашата банка и постојан интерес за нашите производи и депозити – велат од Халкбанк.
-Оваа година, освен за штедењето пари, во знакот на глобалните случувања, многу зборувавме и за штедењето на енергетските извори, за штедењето струја, вода и за чувањето на ресурсите на планетата Земја. Спроведовме и неколку кампањи кои наидоа на добар прием во јавноста. 31 Октомври го дочекуваме и со реализација на една наша голема желба - прекрасната Халки креативна работилница во Зоолошката градина. Ова е наш подарок за сите деца и сите посетители. Се надеваме дека ова ќе биде место за дружби, креативно изразување, но и многу нови научени работи. Меѓу нив е и за важноста на штедењето како процес на свесност за себе и за другите, но и доверба и сигурност кон банкарскиот систем – подвлекува Маја Наумовска Савеска од Халкбанк.
Банката неодамна го објави и конкурсот за најдобар краток расказ на тема „Чувари на мудроста“, наменет за учениците од петто до деветто одделение од цела Македонија. Овој конкурс е поврзување со уште една голема општествено-одговорна кампања на банката, „Да ги слушнеме и гушнеме“ и поддршката на старите лица.
Халкбанк е најбрзорастечка банка кај нас и една од петте најголеми банки во земјава. Таа е редок пример за силен бренд кој влева сигурност и доверба. Препознатливиот слоган „Важни се луѓето“, преку Детското штедење продолжува со максимата „Важни се луѓето, но поважни се децата“.
Бројните настани за поддршка на луѓето од сите генерации, како и поддршката на целата заедница, продолжуваат и понатаму.
ПР објава